ГРАФИКА: Сите заминуваат од Дортмунд! Вака изгледа екипата која ги напуштила Милионерите за само пет години


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хенрик Михтаријан и официјално отиде во Манчестер Јунајтед, а со самото тоа продолжува трендот на заминувања на важни играчи од редовите на клубот од Вестфален.

Само во ова лето Дортмунд веќе го напуштија Матс Хумелс, Илкај Гундоган и Хенрик Михтаријан, сите важни носачи на Борусија во минатата сезона.

Во Дортмунд за тие тројца добиле 104 милиони евра и веќе дел од тоа ги вложија во доаѓањe на шестмина нови играчи, но и понатака имаат огромни проблеми бидејќи не можат да ги задржат своите најдобри поединци.

Во минатата година, додуша, направија мала пауза што се однесува до големи заминувања, но и покрај тоа од клубот заминаа Чиро Имобиле, Кевин Кампл, Џонас Хофман, Милош Јојиќ и Кевин Гроскојц, а пред тоа Роберт Левандовски, Марио Геце и други.

Борусија, и покрај сите заминувања, успеа да остане на врвот на германскиот фудбал, но и од играчите кои го напуштија клубот во последните пет сезони може да се состави поприлично добра екипа.

Екипа со Левандовски во шпиц, Перишиќ и Хофман на крилата, односно Гундоган, Михтаријан и Геце на средината на теренот би изгледала брутално.

Одбраната би била малку тенка, без оглед што се тука Хумелс и Гроскојц, а на голот Лангерак, па проблем претставува да се најде вистински лев бек и втор стопер Тука место ќе има за Корај Гинтер и Жереми Дуџијак, кои некако би го закрпиле овој одличен тим.