Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ако почне трката за еден од најдобрите бекови на светот се укажува на тоа дека Арсенал нема да има никакви шанси да го задржи…
Одличната сезона во дресот на Арсенал направи за Ектор Бељерин да стане многу барана „роба“ на летниот фудбалски пазар! Младиот Каталонец не се споменуваше премногу во минатата недела во трансфер рубриката, но одамна е познато дека за неговите услуги се заинтересирани двата клуба од Манчестер, Пари Сен Жермен и Атлетико Мадрид и минхенски Баерн.
Баварците значително го намалија интересот во овој момент кога Давид Алаба го продолжи договорот, Мадриѓаните се откажаа поради цената, па главни конкурентни според денешните извор ина Мундо Депортиво се споменуваат Сити, Јунајтед и ПСЖ.
Арсен Венгер секако нема намера да го продаде 21-годишниот Шпанец, меѓутоа, каталонскиот весник наведува дека понудата од Манчестер Сити може да биде толку силна што Французинот, онаков каков што е (често очите му се гладни кога ќе ги виде оние силни нули), не може да одолее.
Се споменува сума од 50 милиони евра, што за Сити секако нема да има проблем да искешира, додека и Арсенал тешко таква понуда може да одбие.
Мундо наведува, доколку до конкретни преговори дојдат Сити има голема шанса, ненадоместлива предност во однос на Јунајтед и ПСЖ од многу едноставна причина – Пеп Гвардиола.
Трофејниот стручнак го познава Бељерин уште од младинската школа на Барселона, има добар однос со Ектор и лесно ќе го убеди да ја промени средината. Во прилог на тоа весникот ја цитира и реченицата на извор близок до самиот фудбалер…
„Тој има договор со Арсенал, среќен е во клубот, но тоа не значи дека Граѓаните немаат шанса. Бељерин е во одлични односи со Гвардиола што тоа може многу да значи“.
А на Манчестер Сити многу е потребен десен бек. Пабло Забалета го напушта клубот, Бакари Сања има 33 години па играч како Ектор Бељерин делува како вистински избор.
Па може да се рече дека тоа ќе бидат паметно вложени 50 милони евра, што не може да се тврди за некои претходни купувања на Граѓаните…
Доколку навистина и дојде до овој трансфер, ќе биде тоа убедливо најмногу потрошени пари за еден десен бек. Досегашниот рекорд го држи Дани Алвеш за кого Барселона во 2008 година на Севиља го плати вртоглави 38.5 милиони евра.