Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
По седум години, клубот од Милано повторно го промени грбот и тоа во година во која конечно би можеле да ја прекинат доминацијата на Јувентус.
Интер го претстави новиот грб, кој ќе почнат да го користат од сезоната 2021/22, со што сакаат да станат еден од новите глобални брендови.
Нивното мото е „Моето име е моја приказна“, а за лого ќе има нешто слично како тоа на Јувентус, кој го претстави пред неколку години.
Овој грб се очекува да биде поедноставен и подобар претставник на брендот на Интер, иако голем број навивачи не се задоволни и лути затоа што дизајнот е едноставен.
MY NAME IS MY STORY.
— Inter (@Inter_en) March 30, 2021
I M FC INTERNAZIONALE MILANO.#IMInter pic.twitter.com/Aa5fFFYO7J