Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓
Денеска Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ја информираше јавноста дека женската ракометна репрезентација на Грција нема да го продолжи учеството на „Трофеј Македонија“, меѓународниот турнир што се одржува во Охрид.
Одлуката е донесена поради здравствени проблеми во грчкиот тим — некои од ракометарките се соочуваат со вирусна инфекција. Стручниот штаб одлучи да го повлече тимот од натамошниот дел од турниров.
„РФМ на ракометарките од Грција им посакува брзо закрепнување и упатува искрена благодарност за нивното учество и придонес кон турнирот“, соопштија од федерацијата.