Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Грег Попович, легендарен американски тренер, првпат се појави во јавноста по доживеаниот мозочен удар.
Да потсетиме, кон крајот на 2024 година, односно во ноември, Попович доживеа мозочен удар поради кој отсуствуваше од клупата на Сан Антонио. Тимот брзо се изјасни и откри како е состојбата на тренерот, а тимот го презеде Мич Џонсон, неговиот асистент.
Сега, Грег Попович за првпат се појави во јавноста по мозочниот удар.
Тој откри дека во иднина ќе биде претседател на кошаркарските операции во клубот.
– Повеќе не сум тренер. Јас сум Ел Џефе – рече Попович, а легендарните кошаркари Тим Данкан и Ману Џинобили му помогнаа да ја соблече јакната и да покаже маица со натпис “El Jefe”.
“Ya no soy el Coach, AHORA SOY EL JEFE”
— SPURS LATAM (@Spurs_Latam) May 5, 2025
GREGG POPOVICH ES LO MÁS GRANDE QUE EXISTE EN ESTE MUNDO ❤️😭 pic.twitter.com/Mm93gFsqAk
Фото: Принтскрин