Гризман не ја носи „седумката“ случајно


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Најдобриот фудбалер на Атлетико Мадрид Антоан Гризман е мета на бројни новинарски прашања, а некои се многу навистина интересни.

Новинарите во Шпанија го интересираше зошто Гризман го носи бројот седум на грбот и поради што секогаш носи долги ракави, а неговиот одговор е многу едноставен.

Имено, идол на Гризман е некогашниот играч за врска на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид Дејвид Бекам, кој некогаш истотака ја носеше „седумката“ и долги ракави.

„Многу ми се допаѓа. Тој е мој идол. Тоа е и причината поради што го  носам бројот седум и долги ракави“, рече Гризман.

Сигурно на навивачите на Манчестер Јунајтед ќе им се допадне оваа причина, а многумина ќе се потсетат и на деновите кога легендарниот Бекс беше активен фудбалер.