Гризман нов играч на Барселона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Французинот Антоан Гризман е новиот фудбалер на Барселона.

Долго време се шпекулираше за судбината на одличниот французин, а во овие моменти Барселона официјално го потврди трансферот.

Каталонците ја информираа јавноста дека Французинот го платиле 120 милиони евра,колку што изнесуваше клаузулата за откуп, а играчот потпиша договор на пет години.

Клаузулата за откуп ќе биде речиси нереална 800 милиони евра, па секој кој сака, нека повели.

Барселона, исто така, изјави дека сите детали за претставување на овој играч во новиот дрес ќе бидат објавени наскоро.