Гризман пред трансфер во Серија А!?


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Барселона и Јувентус неодамна разменија двајца фудбалери, односно Миралем Пјаниќ го облече дресот на Каталонците, а Артур Мело потпиша за „Старата дама“.

Двата гиганти веќе подготвуваат нова замена, а наводно Антоан Гризман би можел да ја напушти Барселона летово и да потпише за Јувентус.

Вториот најскап фудбалер во историјата на Барселона не се прилагоди најдобро во каталонскиот гигант по преселбата од Атлетико Мадрид и најверојатно ќе мора да си замине.

Таа шанса сака да ја искористи Јувентус и да направи нова размена со Каталонците, на кои сака да им испрати два фудбалери, односно Даглас Коста и Адриен Рабио.