Гризман за интересот на Барселона: Уморен сум…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Постојано го поврзуваат со други клубови.

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман вели дека тој е многу уморен од постојаните шпекулации околу неговата иднина.

Јавноста постојано го поврзува Гризман со Барселона, но францускиот репрезентативец изјавува дека е уморен од тие приказни.

„Се навикнав на тоа, но веќе сум уморен од сето тоа!“, отворено кажа Гризман.
Сега во медиумите се шпекулира како Барселона е спремна за да ја активира својата откупна понуда која изнесува 120 милиони евра.

Не е тајна што Гризман е посакуван во големите клубови како што е Барселона, но самиот тој кажува дека веќе игра во голем клуб и дека нема потреба да ја менува средината.

Во 28 натпревари во Ла Лигата, тој постигна 12 голови проследени со 6 асистенции, додека во Лигата на Шампионите, на 8 натпревари тој постигна 4 голови.