Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Долго време се шпекулира за преселба на Антоан Гризман во Барселона, а минатото лето Французинот одби да се пресели доколку нема откупна клаузула од 100 милиони евра, во случај да е незадоволен.
Меѓутоа, сега стигнаа различни информации и тоа од поранешниот фудбалер на Атлетико, Диего Форлан, кој вели дека Гризман ќе се пресели во Интер.
„Да остане Гризман во Атлетико, тогаш ќе стане легенда, но тоа нема да се случи. Луѓето од Интер ми кажаа дека ќе го ангажираат, кога ќе го продадат Мауро Икарди“, вели Форланд.
Доколку тоа се случи, нема сомнеж дека Интер би можел да донесе фудбалер од 100 милиони евра, но тогаш проблем би претставувала неговата плата, која во Атлетико не е мала.
Во Мадрид заработува 23 милиони евра, а наводно во Барселона би се преселил и за 16, но тешко би направил таков попуст за тимот од „Џузепе Меаца“.