Грнчаров седна на кормилото на Вардар


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Откако вчера официјално се раздели со Никола Глигоров, Вардар денес соопшти дека Бобан Грнчаров ќе го води тимот до крајот на сезоната.

Грнчаров неодамна повторно се приклучи на тренерскиот тим на „црвено-црните“, а сега добива шанса да биде и прв тренер до крајот на сезоната.

„Поранешниот капитен и сегашен член на стручниот штаб на нашиот клуб Бобан Грнчаров од денеска е назначен за вршител на должноста шеф на стручниот штаб до крајот на оваа сезона“, соопшти Вардар.

Вардарци имаат големо заостанување зад Воска во битката за втората позиција, но Грнчаров ќе се обиде да ја надомести разликата.