Грожан од болница испрати порака преку Инстаграм! ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на Хас, Ромејн Грожан имаше голема несреќа на трката за Големата награда на Бахреин, откако неговиот болид експлодираше, но за среќа тој преживеа.

Сцената не изгледаше воопшто добро и вистинско чудо е како го преживеа судирот со ѕидот, но сепак заработи изгореници на рацете и глуждовите, а сега испрати порака преку Инстаграм.

„Здраво до сите, само сакав да ве информирам дека сум добар. Ви благодарам за пораките, пред неколку години не бев за заштитата, но овој пат ме спаси. Се надевам дека наскоро ќе можам да ви одговорам на пораките и да ви кажам како ми оди“, кажа Грожан.