Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонија славеше против Грција со 33-30 во првиот пријателски натпревар во салата „Борис Трајковски“.
Селекторот Кире Лазаров кажа дека е делумно задоволен од победата против јужниот сосед во пресрет на Европското првенство (ЕП).
„Делумно сум задоволен со победата. Кога се игра пред ваква публика, секогаш имате голема поддршка, но и притисокот се зголемува. Немате право на грешка и мора да победите. Утре ќе играме уште еден натпревар против Грција. На Европското првенство сме во тешка група, нè очекува многу работа, но ќе дадеме сè од себе“, кажа Лазаров.