Грузија ја совлада Португалија и испиша историја на ЕП


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Грузија славеше со 2-0 против Португалија во третото коло од групната фаза и се пласира во осминафинале на Европското првенство (ЕП).

Грузија до првиот гол стигна на почетокот преку Кварацхелија, додека победата ја потврди Микутаѕе во 57. минута од пенал.

Турција се соочи против Чешка во последниот меч и славеше со 2-1, а со тоа го задржа второто место во групата и обезбеди осминафинале на ЕП.