Грузија нема да смета на најдобриот фудбалер против Македонија!

Македонската фудбалска репрезентација вчера доби лоши вести со кои се потврди дека нема да може да смета на Кире Ристевски, Крсте Велкоски и Енис Барди, но и Грузија има проблеми, односно нема да може да смета на еден од нивните најдобри фудбалери Квича Кварташкелија.

Како што кажа и македонскиот капитен, Горан Пандев, Кварташкелија е квалитетен фудбалер, а неговото отсуство дефинитивно е лоша вест за Грузија. Исто така, тие нема да може да сметаат на Леван Шенгелија.

Натпреварот меѓу Грузија и Македонија се игра денеска со почеток од 18 часот во Тбилиси.