Ѓулер асистира и ја замолче публиката: Турција ќе игра четвртфинале на ЕП


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Вечерва беше комплетирана осминафиналната рунда на Европското првенство (ЕП) во Германија, откако Турција славеше со 2-1 против Австрија.

Демирал погоди за водство на Турција на стартот на натпреварот, а до крајот на првото полувреме не се менуваше резултатот.

Арнаутовиќ промаши голема шанса на почетокот на вториот дел, а потоа Демирал стрелаше за 2-0 по асистенција на Ѓулер.

Австрија во финишот постигна почесен гол преку Грегориш, а имаше и уште неколку шанси, но резултатот не се менуваше.