Ѓулер по промоцијата во Реал: Сакам да станам легенда како Роналдо


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Талентираниот турски фудбалер Арда Ѓулер потпиша за Реал Мадрид, а на првата прес-конференција ги кажа своите желби.

Ѓулер кажа дека се преселил во Мадрид за да стане легенда на клубот како тоа што е Кристијано Роналдо.

„Ова е најголемиот клуб во светот. Добив многу понуди, но мојот приоритет е Реал Мадрид. Се чувствувам подготвен да одговорам на предизвикот. Ќе работам напорно и не сакам да одам на позајмица. Реал Мадрид ме купи и сакам тука да играм. Тешко ми беше да го напуштам Фенербахче, но повик од Реал не се одбива“, кажа Ѓулер.