Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола за првпат зборуваше за новото засилување Ерлинг Халанд, кој доаѓа од Борусија Дортмунд.
Гвардиола кажа дека тоа е одличен потег на клубот затоа што купил млад и талентиран напаѓач, кој во следните години ќе го носи дресот на екипата и ќе ги тресе противничките мрежи.
„Халанд нема да има никаков притисок. Како што одбраната не зависи само од еден дефанзивец, ниту нападот не зависи само од еден напаѓач. Сепак, тој ќе ни донесе дополнителен квалитет“, кажа Гвардиола.
Манчестер сити е на праг да ја освои титулата во Премиерлигата, а до крајот ќе се бори и за трофеј во ФА-купот против Челси.