Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Екипата на Манчестер Сити треба во наредните денови да ја заврши работата околу доведување на уште двајца фудбалери.
Се работи за ѕвездата на Шалке, Лерој Сане и ѕвездата на Евертон Џон Стонс кои беа и главни мети во овој преоден рок на шпанскиот стручнак и тој даде на челниците на Сити зелено светло за нивно ангажирање.
Манчестер Сити на овие трансфери ќе потроши вкупно 100 милиони фунти, јавуваат островските медиуми.
Наводно двајцата фудбалери ги известиле челниците на моменталните клубови дека наскоро ќе се преселат на Итихад и ќе станат членови на Манчестер Сити.
Гвардиола во ова лето веќе ги ангажираше Гундоган и Нолито на кои потроши вкупно 35 милиони фунти.