Гвардиола доведе млад фудбалер од Шпанија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Сити потпиша со уште еден фудбалер.

Неколку млади и талентирани фудбалери, Пеп Гвардиола ги доведе во Сити, а последното засилување е Пабло Мари.

Се работи за 22-годишен фудбалер кој одигра 90 натпревари за шпанскиот второлигаш Гимнастик.

Тој ќе биде позајмен од шпанскиот клуб, па на крајот на сезоната ќе стигне на Итихад.

„Му се заблагодаруваме на фудбалерот на неговата дисциплина и напорната работа во овие три години во првиот тим. Му посакуваме многу среќа во Манчестер Сити“, соопштија од Гимнастик.