Гвардиола еден играч посебно го воодушеви


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Манчестер Сити и понатака се наоѓа во Кина каде што се подготвува за новата сезона во Премиер лигата.

Челниците на клубот од Итихад пред почетокто на сезоната на тренерското место го доведоа Пеп Гвардиола кој доби задача да донесе трофеј на оваа екипа.

Гвардиола сеуште не ги запозна сите можности на својата нова екипа, но еден играч посебно го воодушеви.

„Мислам дека Фернандињо може да игра на десет позиции. Навистина е неверојатен и многу добро се снаоѓа на теренот. Кога малку ќе се потруди може да биде и голман. Добро ќе размислам на која позиција ќе го користам, но ме воодушеви“, рече Гвардиола.

Фудбалерите на Сити и понатака се наоѓаат во Кина каде што ги очекува неколку подговителни натпревари пред враќањето во Англија. Истотака, се очекува Гвардиола да доведе уште неколку нови засилувања на Итихад.