Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ги изненади присутните новинари на денешната прес конференција во пресрет на реванш средбата од четвртфиналето во Лигата на шампионите со Тотенхем.
Сити утре ќе брка негатива од 1:0 против тимот на Тотенхем, а притисокот јасно дека е на страната на „граѓаните“. Гвардиола на прес конференцијата даде доста чуден одговор кој ги изненади сите присутни.
„Не дојдов овде да ја освојам Лигата на шампионите, туку мојот тим да игра како што играше во претходните 20 месеци. Нема да е слично како во првиот меч, ќе мора да даваме голови. Играме дома и мора да направиме добра атмосфера, но и да играме убаво“ –коментираше тренерот на тимот кој е фаворит од сенка за освојување на титулата оваа година.