Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германскиот фудбалер Лирој Сане се наоѓа на мета на Баерн Минхен, а од клубот јавно зборуваат дека сакаат да го донесат од Манчестер сити.
Германските медиуми објавија пред неколку дена дека двата клуба се договориле за трансферот на Сане, но очигледно тоа не биле точни информации.
Многумина беа изненадени што управата на германскиот шампион, па и тренерот Нико Ковач зборуваат јавно, иако во моментов се преговара, па тоа го налути раководството на Манчестер сити.
Англиските медиуми објавија дека „граѓаните“ испратиле предупредување до Баварците. Наводно, управата на Сити е лута поради тоа што Германците зборуваат дека Сане ќе се пресели кај нив, иако клубовите не биле блиску до договор.
„Тајмс“ пишува дека управата на Сити порачала дека ќе ги прекине преговорите со Баерн доколку не почнат наскоро сериозно да се однесуваат.