Гвардиола го брани Потер: Дајте му време!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер сити со 4-0 го декласира Челси во Купот и така му нанесе уште еден пораз во краток период, откако претходно и во Премиерлигата беше подобар со 1-0.

Грем Потер не ги оправда очекувањата по неговото доаѓање и Челси изгледа ужасно на теренот, но Гвардиола смета дека газдата Тод Боели треба да му даде повеќе време.

„Му треба време. Би му кажал на газдата на Челси да му даде време на Боели. На сите ни треба време, посебно во првата сезона. Јас во Барселона имав резултат, но го имав и Меси кој ми олеснуваше“, кажа Гвардиола.

Челси потроши 350 милиони евра по доаѓањето на Боели, но во моментов не изгледа ниту на просечен клуб.