Гвардиола го отпиша, а тој веќе даде седум гола за Арсенал!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер сити летово се откажа од Габриел Жесус затоа што Пеп Гвардиола го доби Ерлинг Халанд, но Бразилецот игра одлично во дресот на Арсенал.

Жесус постигна дури седум гола за Арсенал пред стартот на новата сезона, а само на денешниот меч против Севиља постигна хет-трик.

Арсенал за услугите на Жесус плати 52 милиони евра, а тренерот Микел Артета го гледа како важен дел од неговата екипа со која ќе го нападне врвот во Премиерлигата.

Навивачите се надеваат дека Жесус ќе ја пренесе одличната форма и во англискиот шампионат, па наскоро ќе видиме бидејќи првенството почнува следната недела.