Гвардиола го понижи Роналдо: Тоа не е вистина!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Кристијано Роналдо во интервјуто со Пирс Морган кажа дека бил блиску до потпис со Манчестер сити, но сепак решил да се пресели во Манчестер јунајтед.

По интервјуто на Роналдо, пристигна одговор и од Манчестер сити, односно од тренерот Пеп Гвардиола.

„Не, јас ништо не знам за тоа. Не сме го контактирале. Не знам зошто кажа такво нешто, но не е вистина“, вели Гвардиола.

Претходно Роналдо кажа дека планирал да потпише за „граѓаните“, но сепак Сер Алекс Фергусон одиграл важна улога во преговорите.

„Разговорот со Фергусон ме натера да потпишам за Јунајтед“, кажа Роналдо.