Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Манчестер сити е еден до тимовите кои се поврзува со трансфер на Ерлинг Халанд, а менаџерот Мино Рајола и таткото на фудбалерот Алф-Инге заминаа во Шпанија на преговори, по што ќе пристигнат и во Англија.
Манчестер сити веќе имаше преговори со Рајола, но изјавата на тренерот Пеп Гвардиола ги намалува шансите дека напаѓачот ќе потпише со „граѓаните“.
„Имаме доволно играчи во првиот тим и интересни фудбалери од академијата. Нема да потпишеме со нов напаѓач“, вели Гвардиола.
Од клубот на лето заминува Серхио Агуеро, а Пеп кажа дека не постои соодветна замена за Аргентинецот.