Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер сити игра феноменално сезонава и тимот на Пеп Гвардиола во моментов е најголем фаворит за титулата во Премиерлигата.
В недела се игра големото дерби меѓу актуелниот првак Ливерпул и Манчестер сити, па Јирген Клоп смета дека „граѓаните“ се први затоа што имале повеќе време за одмор од нив.
„Немавме пауза за разлика од Манчестер сити, кој поради ковид-19 имаше две недели одмор. Тешка е оваа година“, вели Клоп.
Гвардиола веднаш реагираше и му порача на Клоп да го погледне календарот.
„Клоп треба да го погледне календарот. Кога ќе го видам, се прашувам колку слободни денови имавме. Изненаден сум, мислев дека не е таков менаџер. Не се сложувам со него“, порача Пеп.