Гвардиола имаше успешна операција и се враќа на клупата на Манчестер сити


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола имаше успешна операција и рехабилитација во Шпанија, по која се враќа на клупата на премиерлигашот.

Гвардиола го следеше последниот тренинг на „граѓаните“, па се очекува да биде на клупата и на мечот против Вест хем.

Стратегот на „граѓаните“ го оперираше грбот, а екипата во негово отсуство ја предводеше Хуан Мануел Лило.

Сити без Гвардиола ги совлада Шефилд јунајтед и Фулам, а во моментов се наоѓа на првата позиција со 12 бодови.

Премиерлигашот в сабота гостува кај Вест хем во Лондон, додека во вторник игра против Црвена Звезда во Лига на шампиони.