Гвардиола ја опиша драмата во авионот: Мислевме дека може сè да ни се случи…


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Англискиот шампион Манчестер сити имаше страшно враќање од Португалија, по триумфот против Спортинг Лисабон (5-0) во првиот дуел од осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), кога нивниот авион го зафати бура.

Тренерот на „граѓани“, Пеп Гвардиола на прес-конференцијата зборуваше за тоа што се случувало додека биле во авионот и го пофали пилотот кој успешно го слета леталото во Ливерпул, зашто тоа во Манчестер не беше возможно.

„Снимките беа страшни. Во еден момент слетавме, но потоа се слушна моторот и бевме во воздух. Знаев дека нешто не е во ред, но за среќа пилотот беше вистински херој и знаеше што прави со авионот. Во Манчестер се обиде да слета, но двапати не беше успешен обидот, по што заминавме во Ливерпул. Пилотот за мене е херој“, кажа Гвардиола.