Гвардиола: Мечот против Ливерпул нема да го реши шампионот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер сити утре ќе гостува кај Ливерпул во големото дерби, а двете екипи се наоѓаат во различна форма затоа што шампионот е на добар пат кон одбрана на титулата, додека „црвените“ се наоѓаат на 10. место со 10 бодови.

Тренерот Пеп Гвардиола кажа дека уште ништо не е загубено за Ливерпул и екипата на Јирген Клоп има шанси да се врати.

„Натпреварите со Ливерпул секогаш се тешки, ќе биде тежок меч и тој в недела. Натпреварот нема да го реши шампионот. Знам дека имаат голем квалитет, но ни претстои долг пат“, вели Гвардиола.

Дербито меѓу Ливерпул и Манчестер сити е закажано в недела од 17.30 часот.