Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола кажа дека се обидувале на секаков начин да го купат англискиот напаѓач Хари Кејн од Тотенхем, но сите нивни понуди биле одбиени од газдата Даниел Леви.
Гвардиола потврди дека испратиле четири понуди до Лондон, но кога пристигнал и четвртиот негативен одговор, тогаш „граѓаните“ се откажале од идејата да го купат Кејн.
„Испративме четири понуди до Тотенхем, но не сакаа да го продадат Кејн“, вели Гвардиола.
Сити најпрво понудил 150 милиони евра, па потоа 180, а не е познато колку биле големи другите понуди, иако се шпекулира дека газдата на Тотенхем барал најмалку 200 милиони.
Гвардиола и понатаму го сака Кејн, но 28-годишниот напаѓач во моментов е поблиску до трансфер во Манчестер јунајтед.