Гвардиола на Барселона го краде бразилското чудо од дете


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Сити е на прагот од доведување на Габриел Жесус од Палмеирас.

19-годишниот напаѓач, е уште еден од категоријата на бразилско чудо на дете, ќе ги чини Сити 28.6 милиони фунти, тврди британски The Sun.

Ако сите страни прифатат на условите за трансфер, Жесус на екипата на Пеп Гвардиола треба да се приклучи во декември до кога треба да добие работна дозвола.

Жесус моментално се наоѓа во Рио каде што со репрезентацијата се подготвува за настап на Олимписките игри.

Таму треба да биде еден од клучните играчи на Селекао.

Наводно за него беше заинтересирана и Барселона, но се чини дека ни колегата од репрезентацијата Нејмар не успеа да го увери да се приклучи на шпанскиот шампион и поранешниот клуб на Гвардиола.