Гвардиола не е среќен: ВАР ни украде два ФА купа, никогаш не им верував!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Истовремено кога се појави снимката од разговорот меѓу ВАР собата и главниот судија на мечот Вест Хем – Арсенал, Крис Кавана, стигна и изјавата на Пеп Гвардиола.

На конференцијата пред натпреварот против Кристал Палас, Гвардиола изјави дека никогаш не верувал на ВАР собата. Тој смета дека ВАР собата имала негативно влијание врз судиите, кои знаејќи дека имаат помош, станале полоши.

„Отсекогаш учев дека кога ќе го изгубиш фокусот, се наоѓаш во полоша ситуација. Сè што можеме да направиме е секогаш да бидеме подобри, да ги контролираме работите кои зависат од нас. Ние изгубивме две финалиња во ФА Купот бидејќи судиите не си ја завршија работата како што треба, дури ни оние во ВАР собата. Кога такви работи се случуваат, тогаш ние мораме да бидеме подобри, бидејќи судиите и ВАР не се. Тие се како кога фрлате паричка”, рече Пеп и продолжи:

„Искрено, никогаш не им верував, од првиот ден кога се појави ВАР. Едноставно, моето мото е дека ти лично секогаш мораш да се трудиш да бидеш подобар. Кога станува збор за судиите, тоа значи да бидат во подобра позиција, да ги контролираат повеќе своите одлуки, а не да се правдаат на ВАР. Затоа на своите играчи, од Барселона, преку Баерн до Сити, им велам дека тие мораат да бидат подобри, за да не зависат од институциите кои владеат со натпреварите”, истакна Гвардиола.