Гвардиола не може да биде посреќен: Манчестер сити добива ново засилување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Манчестер сити е блиску до реализација на уште еден трансфер, па на „Итихад“ се очекува да пристигна Калвин Филипс од Лидс јунајтед.

Репрезентативецот на Англија во следните денови треба да потпише договор со актуелниот англиски шампион.

За талентираниот фудбалер беше заинтересиран и Ливерпул, но „граѓаните“ биле поконкретни во преговорите.

Лидс за трансферот на Филипс ќе добие 60 милиони евра, а тој ќе потпише четиригодишен договор со Манчестер сити.

Ова е уште едно засилување за тренерот Пеп Гвардиола, кој претходно го доби Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.