Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓
Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер Сити, соопшти дека Џек Грилиш, најскапото засилување во историјата на клубот, ќе го напушти „граѓанскиот“ тим. Грилиш, кој е репрезентативец на Англија, беше донесен со огромни амбиции во трансфер вреден 117,5 милиони евра, но очигледно не успеа да се наметне целосно во единаесетката.
Гвардиола, во разговор со медиумите, упати почит кон Грилиш, но нагласи дека за развојот на фудбалерот, најдобрата опција е да го продолжи својот пат во друг клуб.
„Џек е одличен фудбалер и извонреден човек. Сепак, во последните две сезони ретко добиваше континуирана минутажа. Убеден сум дека има што да покаже, но за тоа му е потребна средина каде што ќе може редовно да игра. Понекогаш фудбалот е суров“, изјави Гвардиола.
Фото: Grok AI