„Гвардиола од Стонс ќе направи најдобар дефанзивец“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Џерард Пике кој соработуваше со Пеп Гвардиола смета дека новиот менаџер на Манчестер Сити, од младиот Џонс Стонс ќе направи дефанзивец од светска класа.

Стонс порано во овој месец на Итихад стигна од Евертон за 50 милиони фунти.

„Стонс е одличен фудбалер, најдобар централен одбранбен играч кој Англија го има. Ми се допаѓа како игра, неговиот стил е сличен на мојот.

Пеп ќе му помогне да може повеќе да ризикува со топка. Тоа е како во покер, некогаш морате да ризикувате. Сепак, во одбраната ќе морате да контролирате ситуација и ризик, сметам дека тој во тоа ќе успее“, истакна Пике.