Гвардиола откри кој фудбалер летово ќе ѝ се приклучи на Барселона


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Повеќе нема никакви дилеми и јасно е дека дефанзивецот на Манчестер сити, Ерик Гарсија од следното лето ќе го носи дресот на Барселона.

Тоа за англиските медиуми го потврди тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, откако неговиот тим го освои трофејот во Карабао Купот со триумфот од 1-0 против Тотенхем.

„Тој е еден од моите најомилени играчи, би сакал да имам 15 како него, но причината зошто не играше во финале е тоа што мислам дека ќе потпише за Барселона“, кажа Гвардиола.

Договорот на Гарсија со Сити завршува летово и на „Камп Ноу“ заминува како слободен фудбалер, додека медиумите пишуваат дека ќе потпише договор до 2026 година.