Гвардиола пак ќе троши милиони: Замена за Агуеро најде во Германија!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пеп Гвардиола има многу пари и голем буџет во Манчестер сити, но и покрај тоа не може да го освои трофејот во Лигата на шампиони со некој тим, а тоа да не е Барселона.

Манчестер сити минатата сезона загуби во финалето од Челси со 0-1, па Гвардиола смета дека со нови засилувања конечно би го освоил трофејот.

Поразот во финале за Гвардиола значи ново трошење на пари, како и потрага по замена за Серхио Агуеро, кој си замине од тимот и потпиша двегодишен договор со Барселона.

Пеп сака да се засили од Бундеслигата, а изборот паднал на Андре Силва, кој минатата сезона беше одличен во дресот на Ајнтрахт Франкфурт.

Англискиот шампион го контактирал Жорж Мендеш кој го претставува португалскиот напаѓач, а трансферот нема да биде реализиран за сума помала од 40 милиони евра.