Гвардиола по СП во Катар ќе преземе поранешен светски шампион?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најдобрите тренери во светот, Пеп Гвардиола е главен кандидат да седне на кормилото на Бразил по Мундијалот во Катар.

Бразилците по Светското првенство (СП) ќе бараат нов стратег затоа што Тите најави дека ќе се повлече, па затоа „кариоките“ планираат да го добијат потписот на Гвардиола.

Пеп има договор до 2023 година со Манчестер сити и кажа дека нема да го продолжи затоа што му треба нов предизвик во кариерата, а Бразил наводно му нуди четиригодишен договор со плата од 12 милиони евра.

Бразил на Мундијалот во Катар ќе игра во група со Србија, швајцарија и Камерун, а ќе се обидат по две децении да ја освојат светската круна, која последен пат ја освоија во 2002 година.