Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Арсенал е лидер во англиската Премиерлига и на добар пат кон титулата, а веднаш зад него следи Манчестер сити кој очекува грешка од лондонскиот гигант.
Пеп Гвардиола и Микел Артета вечерва ќе се соочат покрај теренот во ФА-купот, а на сите им е познато дека тие имаат добра врска затоа што соработуваа на „Итихад“.
Гвардиола во разговор со медиумите кажа дека сака да го победи Артета, а притоа посочи дека има голема почит кон неговиот поранешен соработник.
„Имам почит кон Артета без разлика дали ќе се степаме крај аут-линијата. Тоа може да се случи, но почитта останува иста“, кажа Гвардиола.