До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Манчестер Сити испушти предност од два гола и одигра само 2:2 на гостувањето кај Тотенхем, а менаџерот Пеп Гвардиола го обвини судењето за колапсот на неговиот тим. Со ремито во северен Лондон, Сити запиша само една победа во последните шест натпревари и сега заостанува шест поени зад водечкиот Арсенал, 14 кола пред крајот на првенството.
Гвардиола смета дека Сити повторно бил оштетен поради неконзистентното судење, а особено го налути првиот гол на Тотенхем кој беше постигнат од Доминик Соланке. Смета дека на голот му претходеше прекршок над неговиот дефанзивец Марк Гуеји, додека проверката од ВАР се фокусираше само на можно офсајд.
“Повторно се случи,” рече Гвардиола по натпреварот. “Што да кажам? Марк беше до топката, беше удрен одзади и тоа е гол. Немам што да кажам. Уште еднаш истата приказна. Да се случеше ова на нивниот напаѓач, ќе се свиреше пенал. Но, јас не сум судија. Фасцинантно е тоа во Премиер лигата,” додаде фрустрираниот менаџер на Сити.
Гвардиола верува дека токму тој момент ја пресече играта. “Се создаде емоционален проблем поради првиот гол кој судијата го призна на Спарс. Потоа е тешко да се контролира моментумот, така оди тука во Англија.”
















