Гвардиола потврди: Нема да донесеме замена за Давид Силва

Тренерот на Манчестер Сити потврди дека нема да донесе замена за Давид Силва.

Да потсетиме, искусниот играч за врска на крајот на актуелната сезона го напушта клубот, а Гвардиола вели дека клубот нема потреба од замена за Силва.

“Бернардо Силва може да игра на таа позиција, тука е Фил Фоден, го имаме и Илкај Гундоган. Тука е и Кевин Де Бруине така да не мислам дека имаме потреба да носиме нов играч на таа позиција”, кажува Гвардиола.

Сепак, 33-годишниот Силва, кој ја игра последната сезона во дресот на Сити, се уште е незаменлив во тимот па во досегашниот дел од сезоната веќе запиша 19 настапи на кои постигна три гола и седум асистенции.

Силва е член на Граѓаните од 2010. година кога како 24-годишен пристигна во Валенсија.