Гвардиола пред градското дерби: „Ѓаволите“ нека не се плашат, ние сме добри соседи


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед избори финале во ФА-купот, откако вчера на пенали славеше против Брајтон, па така за титулата ќе се бори против Манчестер сити кој претходно со 3-0 го декласира Шефилд јунајтед.

Тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола кажа дека неговиот тим ќе има голем предизвик за да стигне до титулата, затоа што Манчестер јунајтед е тежок противник.

„Не мора да се плашат, ние сме добри соседи. Далеку сме од титулата без разлика на формата во која играме. Откако го водам Сити, губевме во завршните фази на натпреварувањата, но горд сум на сè што постигнавме со соработниците“, вели Гвардиола.