Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер сити води голема битка со Ливерпул во Премиерлигата за титулата, а „граѓаните“ се во битка и за освојување на Лигата на шампиони (ЛШ).
Премиерлигашот утре ќе го пречека Атлетико Мадрид во првиот меч од четвртфиналето во ЛШ, а тренерот Пеп Гвардиола одржа прес-конференција.
„Секогаш посветувам многу внимание на тактиката. За утре имам нова тактика, вечерва ќе размислам повторно и ќе играме со 12 фудбалери. Би било здодевно кога секогаш би играле на ист начин“, вели Гвардиола.
Мечот меѓу Сити и Атлетико е закажан за 21 часот, а подобриот од овие екипи во полуфинале ќе се соочи против победникот од двомечот меѓу Реал Мадрид и Челси.