Гвардиола призна: Еден човек ми помогна да го преболам поразот од Реал Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер сити беше на праг да обезбеди финале во Лигата на шампиони (ЛШ), но Реал Мадрид со неверојатна завршница и епски пресврт го елиминираше премиерлигашот.

За најголемиот сон, а тоа е трофејот во ЛШ, Сити ќе мора да чека уште најмалку една сезона,а  тренерот Пеп Гвардиола откри кој му помогнал да го преболи испаѓањето.

Станува збор за Манел Естиарте, поранешен олимписки шампион во ватерполо од 1996 година, кој во моментов работи како психолог кај „граѓаните“.

„Во спортот има повеќе лоши, отколку добри моменти. Манел се грижи за мене, доволно ми е тоа. Тој ми е пријател многу години. Беше најдобар спортист во својот спорт и има неверојатно чувство за тоа што се случува во составот“, вели Гвардиола.