Гвардиола: Сите викаа дека Халанд е катастрофа, но сега ќе биде најдобар стрелец!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер сити игра одлично во последно време, а еден од најзаслужните за победите е норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд, кој постигна два хет-трика во последните два меча во Премиерлигата.

Халанд доби големи критики пред почетокот на сезоната и многумина сметаа дека ќе биде катастрофа во англиската лига, но сепак Норвежанецот ги замолче сите со девет гола во првите неколку дуели.

Тренерот Пеп Гвардиола веднаш реши да ги „пецна“ луѓето кои го критикуваа Халанд.

„Им се восхитувам на сите што можа да ја предвидат иднината. Пред еден месец за Халанд зборуваа дека ќе биде катастрофа, а сега дека ќе биде најдобар стрелец и ќе ги урне сите рекорди“, вели Халанд.