Гвардиола со „торба пари“ тргна по ѕвезда, но доби – „корпа“


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола сакаше да го ангажира Матеус Нунес од Вулверхемптон, но понудата од 60 милиони евра не беше доволно голема за „волците“.

На „Итихад“ претходно пристигнаа фудбалери како Јошко Гвардиол, Матео Ковачиќ и Жереми Доку, по што Гвардиола мислеше дека лесно ќе го добие и Нунес, но тоа не се случи.

„Волците“ се подготвени да го продадат Нунес, меѓутоа за него бараат дури 100 милиони евра и засега не е познато дали „граѓаните“ се подготвени за такво нешто.

Доколку не успеат да го купат Нунес од Вулверхемптон, тогаш „граѓаните“ ќе се обидат да го ангажираат Ебречи Езе од Кристал Палас.