Гвардиола сруши уште еден рекорд на Мурињо во Премиер лигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Каталонецот со маки стигна до нов јубилеј.

Манчестер Сити стигна до нова победа против Шефилд со 2:0, во меч со многу осцилации.

Граѓаните покажаа две различни лица. Во првото полувреме играчите на Крис Вајлдер го надиграа шампионот, но во второто полувреме Агуеро, а потоа и Кевин Де Бруин ја донесоа победата за Сити.

Инаку ова е стотта победа на Гвардиола во Премиер лигата, Каталонецот ја оствари во 134 натпревари што го прави број еден во овој сегмент.

До вчера првото место го заземаше неговиот конкурент, Жозе Мурињо кој за таков подвиг му беа потребни 142 натпревари во Премиер лигата.