Гвардиола: Тоа е се случи, досадно е веќе да зборуваме за ВАР…


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не сакаше да зборува за одлуките на судиите во текот на мечот против Тотенхем во Лигата на шампионите.

Иако Сити во реваншот славеше со 4:3, Тотенхем мина во полуфиналето на елитното натпреварување благодарение на поголемиот број на погодоци на гости.

По мечот, Пеп Гвардиола се жалеше на одредени судски одлуки. Тврдеше дека погодокот на Лјоренте требал да биде поништен, бидејќи е постигнат со рака, а му пречеше и што погодокот на Стерлинг во продолжението беше поништен поради офсајд.

Сега двата клуба играат во рамки на 35. коло во Премиер лигата.

„Некогаш судиите грешат и тоа оди во наша корист, во овој случај беше против нас. Фудбалот е таков, се случува. Мораме да се фокусираме на овој меч сега. Поради еден сантиметар бевме елиминирани, поради играње со рака испаднавме. Не знам што би се случило ако одлуките беа поинакви. Смешно би било и натаму да зборуваме за тоа. Досадно е да се разговара за ВАР“, истакна Пеп.

Актуелниот шампион на Англија четири кола пред крајот има меч помалку и два бода заостанување зад водечкиот Ливерпул кој утре ќе гостува кај Кардиф.